Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителство бара медиумите да не шпекулираат за смртта на девојката во Аеродром

Обвинителство бара медиумите да не шпекулираат за смртта на девојката во Аеродром

Од основното Јавно обвинителство денеска побараа медиумите да не изнесуваат шпекулации во јавноста поврзани со случајот на 20-годшината скопјанка која завчера падна од висококатница во општина Аеродром.

Од ОЈО велат дека ги прибираат информациите за расветлување на смртта на девојката во Аеродром.

Очекуваат МВР да им ги достави комплетните податоци од  спроведените полициски истраги и прибраните известувања од сите граѓани кои имале сознанија за овој настан.

Воедно од обвинителството соопштија и дека вчера биле обезбедени материјални траги и од такси возилото во кое била покојната ноќта пред нејзината смрт, кои по дадена наредба на ОЈО Скопје ќе бидат предмет на обработка од Одделот за криминалистичка техника при МВР на РМ со цел утврдување на траги со идентификационо значење – ДНК.

„Овој чекор е преземен во насока на откривање и обезбедување на материјални докази за постоење на евентуално кривичното дело и обезбедување траги кои потекнуваат од предметниот настан, а кои ќе може да се користат како материјални докази во текот на постапката“, посочија од обвинителството.

Исто така се очекуваат комплетните резултати од Институтот на судска медицина и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет кои постапуваат по дадени наредби од страна на ОЈО Скопје.

Од оваа институција вчера соопштија дека првичните резултати од Медицинскиот институт покажале дека кај починатата девојка не се најдени траги од насилен сексуален однос.

Слично

Поврзани вести