Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителство бара информации од СЈО, МВР и Кривичен суд за Коста Крпач

Обвинителство бара информации од СЈО, МВР и Кривичен суд за Коста Крпач

Бројни наредби за дополнителни информации издаде Основното јавно обвинителство до сите институции кои се дел од истрагата за смртта на Коста Крпач.

Побараните дополнителни информации се констатација на добиениот обдукционен наоди извештајот од криминалистичкото вештачење и по нивната анализа соопштиле од скопското Обвинителство.

Специјалното јавно обвинителство, Основниот суд Скопје 1 и МВР се институциите до кои Основното јавно обвинителство Скопје доставило барање за добивање дополнителни информаци а истите како што се посочува од ОЈО требаат за расветлување на смртта на Коста Крпач.

На 27 април Крпач беше пронајден мртов во неговиот стан во Скопје.

Истрагата е сѐуште во тек а мистериозната смрт на 40 годишниот Коста Крпач отвори многу прашања, на кои засега нема одговори.

Од СЈО по смртта на Крпач соопштија дека тој доброволно се јавил во ова Јавно обвинителство и истиот имал својство на сведок во рамки на една предистражна постапка.

„Соработката со сведокот беше беспрекорна и се работеше за исклучителна личност, така што веста за неговата смрт ги погоди сите вработени во ова Јавно обвинителство. Во оваа прилика, сакаме да изразиме длабоко сочувство до членовите на семејството на сега покојниот Коста Крпач. Воедно Ве известуваме дека ова јавно обвинителство поседува докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓаше лицето Коста Крпач, но со оглед дека се работи за исклучително доверливи информации, истите нема да бидат соопштени на јавноста во овој момент. Секако, доколку се јави потреба ние сме отворени за соработка со органите на прогонот кои ја испитуваат смртта на сега покојниот“ – стои во соопштението на СЈО.

Слично

Поврзани вести