Обвинителката Јанева ја одложи расправата за „Пуч“
Од специјалното обвинителство побарале одложување на судењето за случајот „Пуч“, соопштија од кабинетот на специјалната обвинтелка Катица Јанева.
Како што се вели во соопштението од ова Јавно обвинителство ги поддржуваат сите законски измени со кои се унапредува статусот на јавните обвинители во Република Македонија и нивната независност потенцирајќи дека вакво нешто е во интерес на сите граѓани на Македонија.
Јанева укажува дека со одредбата во предложениот Закон за плати на јавните обвинители, која го овластува Јавниот обвинител на Република Македонија, по претходна согласност од Министерот за финансии, да одлучува за додатоците на јавните обвинители во ова Јавно обвинителство, се кршат воспоставените принципи на автономност и финансиска независност на ова Јавно обвинителство.
„Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите јасно ги предвидува додатоците за јавните обвинители во ова Јавно обвинителство, а нивната реализација никако не може да биде врзана со согласност од Министерот за финансии, од причина што Министерството за финансии е должно финансискиот план за работа на ова Јавно обвинителство да го вгради во буџетот и не може никако да го менува“, вели специјалната обвинителка.
Имено, под принципот на автономност Катица подразбира нејзинот автономно постапување како Специјален јавен обвинител и исклучено е секакво влијание во работата од страна на Јавниот обвинител на Република Македонија оттаму очекува во предложениот Закон за плати на јавните обвинители да биде изоставено ова Јавно обвинителство.
Таа исто така побара сите политички партии да го поддржат Законот за јавнообвинителска служба на Специјалното обвинителство и пред граѓаните да ги искажат своите искрени намери за непречено и функционално работење на Јавното обвинителство.
