Обвинителите поднесоа 21 жалба против судската одлука за прислушуваните разговори
Обвинителите од Основното јавно обвинителство во Скопје поднесоа 21 жалба против одлуката на судот, со која се отфрлаат сите докази од аудиоснимките како неважечки, бидејќи биле незаконски прибавени.
Рокот за поднесување жалби пред судот истекува вечерва, а до полноќ можно е да има жалби за сите 27 предмети.
За адвокатскио тим на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, е нејасно зошто судот донел ваква одлука кога е неопходно специјалниот јавен обвинител да го решава овој предмет.
Сега, откако судот ќе ги разгледа жалбите тие ќе одат на Апелацискиот суд кој ќе одлучи дали ќе ги прифати или не.
Слично
