Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителите од СЈО не дојдоа, комисиската расправа одложена

Обвинителите од СЈО не дојдоа, комисиската расправа одложена
Одложена е собраниската Комисија за политички систем, на која требаше да се разгледува извештајот за работата во првите 6 месеци на Специјалното јавно обвинителство. Седницата е одложена затоа што не дојдоа претставници од СЈО. Извештајот ќе се разгледува и на пленарна седница во Собранието, на 28 март. И Советот за јавни обвинители пред три дена  ја одложи расправата за извештајот, затоа што специјалната обвинителка, Катица Јанева не се појави на седницата. Обвинителите во среда ќе се состанат со истата цел. Во извештајот стои дека за 6 месеци се отворени 30 истражни постапки, во кои се опфатени 80 лица, и дека се отворени 120 предистражни постапки за повеќе  кривични дела.
Слично

Поврзани вести