Обвинителите кажаа колку куршуми имало во телото на Вук Бориловиќ кој изврши масакр во Цетиње
Вук Бориловиќ (34) кој месецов изврши масакр во Цетиње, Црна Гора каде уби 10 и рани 6 свои сограѓани, се здобил со повреди во телото од пет испукани куршуми.
Од кој куршум загинал, дали од полицискиот или од соседот Ненад Калуѓеровиќ, ќе утврди истрагата која е во тек.
Ова стои во одговорот на Вишото јавно обвинителство во Подгорица за „Вјести“.
Резултатите од неговата обдукција во обвинителството биле предадени во петокот, на 19 август, една недела по трагедијата во Цетиње.
„Дури по доставувањето на сите наоди, вештачења и собирање на сите докази ќе може да се донесе одлука за предметот“, одговориле од обвинителството.
Во предметот во својство на граѓани биле сослушани повеќе лица, меѓу кои и Калуѓеровиќ. Ваков масакр досега не се случил во земјава, па и во регионот. Црна Гора прогласи тридневна жалост. Во масакрот, Бориловиќ убил и две деца на возраст од 8 и 11 години.
