Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oбвинетите во случајот „Диво Насеље“ тврдат дека не се виновни

Oбвинетите во случајот „Диво Насеље“ тврдат дека не се виновни

Судењето за случајот „Диво Насеље“ почна од почеток откако беше споен со случајот „Молња“, во кој се обвинети осум лица дека биле логистичари на групата.

Сите обвинети денеска тврдеа дека не се виновни и дека не се терористи. Не се чувствуваат виновни ниту новите приведени од акцијата „Молња“.

Обвинителот Наум Пановски кој на минатото судење зборуваше за тоа како обвинетите се инволвирани во нападот на Полициската станица Гошинце и во настаните во Куманово, го потврди тоа што го кажа на претходното рочиште.

Адвокатот Шасивар Исеини, кој е бранител на неколкумина обвинети, вели дека Обвинителството не може да се повикува на вештачење што го направило Министерството за внатрешни работи. Бара независна институција да ги проследи настаните и разговорите кои се сметаат за докази во случајот.

Лани на 9 и на 10 мај во кумановско Дио Насеље вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.

Слично

Поврзани вести