Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинетите од нападот во Дива населба бараат случајот да го води специјалната обвинителка

Обвинетите од нападот во Дива населба бараат случајот да го води специјалната обвинителка

Обвинетите од кумановскиот инцидент кој се одвиваше годинава во мај категорично тврдат дека не се виновни.

Тие велат дека во случајот не се работело за тероризам и побараа нивниот случај да го преземе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

29-мина обвинети за прв пат денеска беа изведени пред суд. Јавната расправа се одвиваше под силно полициско обезбедување.

Според информациите на обвинението 18 лица од вооружената група на своите униформи имале обележја со ознката УЧК а обвинителот Наум Пановски соопшти дека тие биле следени и прислушувани со посебни истражни мерки, од 27-ми април, до 8-ми мај кога започна престрелката во Диво насеље.

На денешната јавна расправа која е во тек, треба да се утврди обвинителниот акт а оценката судот ќе ја објави во понеделник.

Вооружената група во мај успеа да посее страв меѓу граѓаните во Куманово и ширум земјава, а инцидентот заврши со жртви и од македонската полиција.

Слично

Поврзани вести