Обвинетите од „Диво Насеље“ на обвинителна клупа следната недела!
Девети февруари е денот кога ќе почне судењето на обвинетите за кумановскиот инцидент.
Вкупно 30-мина припадници на терористичката група ќе седнат на обввинителна клупа во основниот суд во Скопје.
Тие ќе одговараат за злосторството кое заврши крваво и во кое беа убиени 8 полицајци, а 42-ца беа тешко повредени.
На страната на групата терористи во мај загинаа десетмина припадници.
Адвокатите на обвинетите сметаат дека обвинението е неосновано и поднеле приговори, додека од Обвинителство сметаат дека се дел од групата која организираше терористички активности кои кулминираа со крвавата пресметка на 9-ти и 10-ти мај.
Според обвинителниот акт, тие ќе се товарат за тероризам и за нарушување на уставниот поредок на државата.
