Обвинет во „Ќелија“ сака да ја признае вината и да оди во Идризово
Првообвинетиот Иса Фуга во случајот „Ќелија“ бараше да ја признае вината, на едно кривично дело бидејќи сака уште веднаш да го напушти притворското одделение во Шутка и да замине во Идризово на одлежување казна затвор.
Барањето го предложи неговиот адвокат, Ефто Спировски кој рече дека цела фамилија на Фуга барала да се одвои постапката и веднаш да му се пресуди. Фуга бараше да признае дека имал телефонски разговор со негов другар од детството кој бил на боиште во Сирија, но Фуга вели не го знаел тоа и мислел дека пријателот му е во Германија.
Судијата Ѓоко Ристов му одговори дека тој нема само едно кривично дело, туку три и дека ке треба сите да ги признае. За 9 мај е закажано следното рочиште, бидејќи денешното се одложи.
Во „Ќелија“ обвинети се Иса Фуга, Абдула Абдулахи, Ерол Рустеми, Имери Мухамед и Стефан Стефановски. Тие се товарат за сторено кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации.
Слично
