Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБВИНЕНИЕ ВО БИХ: Македонци држени како робови – им ветувале работа во Азербејџан!

ОБВИНЕНИЕ ВО БИХ: Македонци држени како робови – им ветувале работа во Азербејџан!
Обвинителството на Босна и Херцеговина покрена обвинение против 13 лица за кои постои сомневање дека учествувале во организиран криминал и трговија со луѓе. Станува збор на најопсежното вакво обвинение во Босна и Херцеговина по војната во оваа земја. Жртвите биле државјани на БиХ, Србија и Македонија, воглавно сиромашни граѓани кои барале работа. Припадниците на оваа криминална група на жртвите им организирале да заминат во Азербејџан, во периодот меѓу 2007 и 2009 година. Но, сите рабвотници што стигнале во Азербејџан, таму биле принудени да престојуваат во нехумани услови, им биле одземени пасошите и им било оневозможено да се вратат во своите земји. Ним воопшто не им биле исплатени ветените плати, парично биле казнувани и терани на прекувремена работа, со што криминалната група ги претворила во вистински робови. По повеќемесечна истрага било утврдено дека обвинетите во ропски статус држеле најмалку 600 лица, ветувајќи им вработување во Азербејџан. Обвинителството дошло до информации дека експлоатирајќи ги своите жртви тие заработиле најмалку три милиони евра и во текот на постапката ќе бара одземање на тие пари од обвинетите. Обвинителството на БиХ истакнува дека случајот конечно бил расветлен благодарение на широка меѓународна соработка.
Слично

Поврзани вести