Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБУВКИТЕ И ТЕКСТИЛОТ ИМ ДОЈДОА ПРЕКУ ГЛАВА: Кинеска роба ја „извиси“ ЕУ за 2 милијарди долари!

ОБУВКИТЕ И ТЕКСТИЛОТ ИМ ДОЈДОА ПРЕКУ ГЛАВА: Кинеска роба ја „извиси“ ЕУ за 2 милијарди долари!

Неплаќањето на царина на кинеската роба која преку Велика Британија доаѓа во Европа ги чини земјите на Европската унија околу 2,1 милијарда долари.

Царини не се плаќани на текстил и обувки од Кина, при што Велика Британија била првата земја од ЕУ во која пристигнувала таа роба во период од 2013 до 2016 година, соопшти Канцеларијата за борба против измами (ОЛАВ).

ОЛАВ и препорача на Комисијата на ЕУ да се обиде да ја поправи таа ситуација, бидејќи приходот до царината оди во буџетот на ЕУ.

Комисијата и Велика Британија, наведе ОЛАФ, мора да се договорат како ќе постапуваат во врска со истрагата.

ОЛАВ додаде во соопштението дека со години ја известувал Британија за истрагата за измами.

Слично

Поврзани вести