Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обуката почна, се најавуваат нови вработувања во „Кромберг и Шуберт” во Битола

Обуката почна, се најавуваат нови вработувања во „Кромберг и Шуберт” во Битола
Околу 150 граѓани веќе се вработени во фабриката „Кромберг и Шуберт" во индустриската зона Жабени  во Битола. Дел веќе ја имаат завршено обуката во странство, додека последните 80 примени работници ќе се обучуваат во Битола, информираше денеска градоначалникот Владимир Талески. Според него соработката меѓу општината и новите инвеститори отвара многу можности за граѓаните, а се надев и дека ќе помогне за справување со големата невработеност. Според најавите, до крајот на март 2013 година во фабриката „Кромберг и Шуберт" треба да се вработат околу 500 граѓани. Фабриката „Кромберг и Шуберт” е германска инвестиција, во неа ќе се произведуваат кабли за автомобилската индустрија.
Слично

Поврзани вести