Обука за вработување на 33 лица во Прилеп
Во локалната самоуправа во Прилеп денеска беа доделени 33 договори на млади лица кои почнуваат четиримесечна обука за три занимања кои се барани од работодавците во општината и тоа: фризери за жени, електроинсталатери и монтери за индустриски капацитети и изработувачи на печива.
Договорите ги потпишаа претставници на Агенцијата за вработување и директорите на трите средни училишта „Ѓорче Петров“, „Ристе Ристески Ричко“ и „Орде Чопела“ каде стручно ќе се обучуваат и кандидатите.
- Ова е дел од владината програма за обука на профили кои се бараат во стопанството и дејностите. Имаше голем интерес, се пријавија 140 заинтересирани млади, од кои се избрани 33-ца. За време на обуката ќе добиваат надомест по 6.200 денари. Тие може потоа да се вработат во фирма или да отворат семеен бизнис за што ќе се отвори конкурс и според владината програма ќе добијат по 150.000 денари. Предност ќе имаат овие 33-ца кои ја почнуваат обуката, вели Силвана Пашоска, раководител на Бирото за вработување во Прилеп.
За градоначалникот Марјан Ристески оваа е една од можностите што им се отвораат на невработените за да најдат работа. Инаку, ова е втор пат да се врши обука за занимања. Лани се обучени 20 невработени за два профила
