Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБСЕ и ОДИХР: Мирни избори со помали нерегуларности

ОБСЕ и ОДИХР: Мирни избори со помали нерегуларности

Во Македонија се одржаа мирни избори, но беа забележани процедурални нерегуаларности, како и случаи на групно гласање, оценуваат во прелиминарниот извештај набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа.

„Изборите им дадоа можност на кандидатите да водат слободна изборна кампања и самата кампања беше многу активна, но медиумите беа пристрасни и не постоеше разграничување помеѓу државните и партиските активности, кои што не понудуваа секогаш еднаква можност и еднаков простор за кандидатите. Изборниот ден беше пропратен со меѓуетнички тензии. Нашата мисија доби веродостојни обвинувања за заплашување на гласачите и злоупотреба на државни ресурси во текот на кампањата“, изјави на прес конференцијата амбасадорот Герт Аренс, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Во прелиминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР и СЕИ се вели дека зборното законодавство е сеопфатно иако е потребна натамошна реформа со цел да се подобри Изборниот законик, а посочуваат и дека ДИК работеше ефикасно и транспарентно  и ги исполни изборните  рокови, но некогаш гласаше по партиска или етничка линија што имаше негативно влијание врз нејзината непристрасност и колегијалност. Како позитивно го оценија отстранувањето на околу 119 илјади граѓани од Избирачкиот список пред изборите поради немање биометриски документи, кое беше поддржано од сите големи партии. Сепак посочуваат во Извештајот, неопходно е подобрување на процедурите за составување и одржување на Избирачкиот список. „ДИК гласаше по етничка линија за да овозможи повлекување на кандидатските листи (Струга и Кичево) што негативно влијаеше на непристрасноста и на колегијалноста. Некои општински комисии не ги најавија своите состаноци однапред и донесуваа одлуки во неформални работни групи, со што се намали и транспарентноста на целиот процес“, изјави амбасадорот Аренс, а забележа и декаДИК не постапуваше по жалбите за предвремено започната кампања. Медиумите опсежно ја следеа кампањата, но според амбасадорот Аренс, Јавниот сервис и неколку приватни медиуми покажаа пристрасност во корист на владејачката коалиција.

„Шансите дека оваа европска земја ќе може да ги исполни своите амбиции сигурно би биле зголемени со една поразумна и етничка клима“, изјави Аренс.

Шефот на делегацијата на Конгресот на локалани и регионални власти при Советот на Европа Јури Ландберг, изјави дека во гласачките места кои ги посетиле нивните набљудувачи со мали исклучоци изборите се одвивале во правилен ред и мир и без поголеми инциденти.

Слично

Поврзани вести