Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБСЕ: Продолжувањето на притворот за Кежаровски има големо влијание врз слободата на медиумите

ОБСЕ: Продолжувањето на притворот за Кежаровски има големо влијание врз слободата на медиумите
Осуда на одлуката на Кривичниот суд во Cкопје за продолжување на притворот на новинарот Томислав Кежаровски, пристигна од ОБCЕ. Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, посочи дека е неприфатливо новинар да биде притворен поради новинарско известување. - Јас веќе интервенирав за овој случај два пати минатиот месец. Денес сум особено вознемирена што судот одлучи да го продолжи притворот за нови триесет денови  - рече Мијатовиќ. Таа ги повика властите да ги послушаат апелите на граѓанското општество, но истовремено апелираше и до Кежаровски да го прекине штрајкот со глад кој го започна во понеделникот. - Уште еднаш ја нагласувам важноста да им се овозможи на новинарите да прават истражувачки стории за прашања од јавен интерес, ослободени од заканата од затвор и без да бидат принудени да ги откријат своите извори. Апелирам до властите во Скопје да се разгледа ова прашање како итно и сериозно. Продолжувањето на притворот за Кежаровски веќе има големо влијание врз слободата на медиумите во земјата - заклучи Мијатовиќ.
Слично

Поврзани вести