ОБСЕ: Претстојните избори да бидат подобри од претходните
OБСЕ преку мисијата во Скопје, го поздрави вчерашното усвојување на извештајот на Државната изборна комисија и испрати порака дека прочистувањето на избирачкиот список е клучен предуслов за веродостојни избори.
Направени се некои позитивни чекори, но списокот мора да се прочисти за кредибилни избори, велат од ОБСЕ.
„ДИК активно работи во завршување на вкрстените проверки, а позитивен е и нејзиниот систематски пристап во прочистување на списокот. Мислиме дека сè уште има време ефективно да се решат отворените прашања, за да може претстојните избори да бидат подобри од претходните“- стои во соопштението од ОБСЕ.
ОДИХР ќе оцени дали изборите ќе бидат веродостојни, откако ќе се реализираат.
Слично
