Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБСЕ: ДИК ги нема потребните законски овластувања за да го менува избирачкиот список

ОБСЕ: ДИК ги нема потребните законски овластувања за да го менува избирачкиот список
Државната изборна комисија не треба да преземе ингеренции за менување на избирачките списоци бидејќи не се испробани сите механизми за пребарување во базата на податоци на избирачи, сметаат експертите од ОБСЕ. Според нив, има потенцијални проблеми врзани за регистрирањето на избирачи, како преголем број пријавени живеалишта во одредени области, па дури и на иста адреса. Според Зоран Ѓоковиќ од ОБСЕ ОДИХР, проблем е и тоа што сите податоци доаѓаат од едно мето. „Личните податоци на избирачите кои ги доставува МВР, се главниот извор кој се користи за изготвување на избирачкиот список, а исправноста на тие податоци директно влијае и на исправноста на избирачките списоци. ДИК ги нема потребните законски овластувања за да изврши промена на податоците во избирачкиот список кој го доставуваат надлежните институции. Тие треба целосно да ги развијат капацитетите, за да можат да преземат ваква одговорнос“, вели Зоран Ѓоковиќ од ОБСЕ ОДИХР. За заменик претседателот на ДИК, Бедредин Ибраими, ваквите констатации на ОБСЕ се погрешни. „Ние имаме капацитет да го преземеме списокот,  потребни се софтвер и тројца луѓе. Ако ги немаме, ќе вработиме и ќе ги обучиме, тоа не е некоја тешка работа“, смета Ибраими укажувајќи дека ДИК е подготвена да го води избирачкиот список. Избирачкиот список голем проблем пред секои избори, а опозицијата обвинува дека се злоупотребува и има фантомски гласачи.  Во својот извештај од ОБСЕ препорачуваат, редовно да се бара од општините да доставуваат податоци за бројот на новоиздадени лични документи и пријави и одјави на живеалишта. Тие бараат и да се направат законски измени за да се примораат граѓаните да ја пријавуваат промената на живеалиштето. Велат дека треба да се размисли и за тргање на условот, гласачите кои постојано живеат во странство, да пријавуваат адреса и живеалиште во Македонија.
Слично

Поврзани вести