Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБСЕ ПРЕДУПРЕДУВА: Нема време за фер избори!

ОБСЕ ПРЕДУПРЕДУВА: Нема време за фер избори!

Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ укажува дека времето за подготвување на терен за фер и демократски избори е кусо, а има уште многу незавршени работи.

„Потребни се клучни законски измени поврзани со изборниот систем за гласање од странство, форматот и компетентноста на ДИК, известувањето на медиумите, правилата за финансирање на изборните кампањи, решавањето на изборните недоследности и гаранциите за заштита од вршење притисок врз гласачите и злоупотреба на државните средства”, потенцира ОБСЕ во извештајот од спроведениот предизборен мониторинг.

Во извештајот стои и дека неколкумина соговорнице изразиле загриженост дека нема доволно консултации во процесот на преговори, а тоа може негативно да се одрази врз начинот на кој засегнатите во изборите ги толкуваат новите одредби и на нивната способност ефикасно да ги вршат нивните функции.

Инаку, на априлските избори ќе има 300 набљудувачи кои ќе го следат изборниот процес и ќе ги пребројуваат гласовите.

На претстојните избори, велат од организацијата, се гледа како важен тест за земјата при нејзините аспирации за членство во ЕУ и во НАТО.

Слично

Поврзани вести