Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБСЕ/ОДИХР:Политичката клима се влоши по 12 април, кога Иванов ги помилува сите обвинети

ОБСЕ/ОДИХР:Политичката клима се влоши по 12 април, кога Иванов ги помилува сите обвинети

Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија денеска го објави Периодичниот Извештај за периодот од 31 март до 19 април.

Во него стои дека по распишувањето на предвремените парламентарни избори на 15 април, за 5 јуни, главната опозициска партија најави бојкот поради тоа што не се исполнети клучните услови од Договорт од Пржино,  прочистувањето на избирачкиот список, реформите во медиумите и одвојувањето на партиските од државните активности.

Се наведува дека политичката клима се влоши по 12 април, кога претседателот Иванов ги помилува сите обвинети, лица под истрага и лица осомничени за вмешаност во т.н. „скандал со прислушувањето“. Сите поголеми политички партии го осудија помилувањето и го повикаа Иванов да ја повлече својата одлука.

„Точноста на избирачкиот список останува како едно од најспорните прашања во актуелната политичка криза. Во февруари, ДИК започна со прочистување на избирачкиот список преку вкрстена проверка на базите на податоци од 11 институции, како и преку спроведување на теренски проверки.  Соговорниците на НМИ на ОБСЕ/ОДИХР изјавија дека процесот бил сложен, методолошки тежок како и дека се потребни големи ресурси. На 15 април, ДИК донесе одлука дека се подготвени за спроведување на „фер и демократски избори“. Претседателот на ДИК и двајца претставници на опозицијата одбија да учествуваат во гласањето“ - пишува ОБСЕ/ОДИХР.

Во Извештајот се истакнува и дека ДИК, која е главен носител на на обврската за одржување на избирачкиот список „работи во напната политичка атмосфера и нивните долги седници привлекуваат значително внимание од медиумите“.

Слично

Поврзани вести