Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБСЕ/ОДИХР: Македонските избори – нерамноправен натпревар

ОБСЕ/ОДИХР: Македонските избори – нерамноправен натпревар
Тешко е да се даде црно-бела оценка за изборите затоан што тие претставуваат комплексен процес, изјави амбасадорот на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Герт Хајнрик Аренс. Во денешниот извештај на меѓународната организација ја немаше вообичаената формулацијата дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера, но Аренс појаснува дека конечната оценка на изборите од ОДИХР ќе ја дадат дури откако ќе заврши и вториот круг. „Некои од претходно дадените препораки се почитуваат, преку тоа што се вградени во изборното законодавство, некои препораки досега не се почитувани и затоа тие ќе се повторуваат се додека не почнат да се почитуваат“, вели Аренс. Според него претседателските кандидати слободно можеле да водат кампања и основните слободи биле почитувани, но натпреварот не бил рамноправен. Најодговорни за тоа, според ОДИХР, се медиумите од кои дел покажале јасна пристрасност во однос на кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ Ѓорге Иванов во однос на кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски. Освен ова, актуелниот претседател и кандидат за втор мандат Ѓорге Иванов имал значителна предност и во однос на ресурсите и доминирал во однос на платено-политичкото рекламирање во медиумите. Шефот на набљудувачката делегација на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Стефан Шенах, оцени дека кампањата го поделила општеството по етнички линии, а посебна загриженост изрази заради повикот од страна на една етничка албанска партија до претставниците на оваа заедница да не гласаат.
Слично

Поврзани вести