Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБСЕ/ОДИХР: Лоша кампања, добар изборен ден

ОБСЕ/ОДИХР: Лоша кампања, добар изборен ден
Ефикасно спроведени избори со одредени неправилности - вака меѓународните набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР ги овенија двојните избори во Македонија, што се одржаа вчера. Посебно негативни оценки доби изборната кампања која фрлила сенка врз генерално добро спроведениот изборен ден. „Во предизборниот период не се исполнија главните заложби на ОБСЕ вклучувајќи ги и оние за одвоеноста на државата и партијата, обезбедување рамноправен изборен натпревар, неутралноста на медиумите, точноста на избирачкиот список и можноста за правен лек по пат на ефективна жалбена постапка. Сето ова го засени изборниот ден кој што ги исполни заложбите и помина во мирна атмосфера“, истакна Герт Аренс, шеф на набљудувачката мисија. „Вчерашните избори беа спроведени ефикасно и изборниот ден помина непречено. Сепак изборната кампања на владејачката партија не успеа соодветно да ги одвои партиските од државните активности. Нашите набљудувачи добиваа извештаи за заплашување на гласачите во периодот на кампањата, а морам да забележам и дека главната албанска политичка партија која е дел од власта продолжи со бојкотот на претседателските избори и со притисок врз гласачите Aлбанци да не гласаат за претседател“, изјави Кристин Мутонен, специјален координатор на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ. Од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР изразија жалање заради одлуката на опозицијата да не ги признае изборните резултати, предупредија дека бојкотот е лошо решение за демократијата и апелираа на политичка зрелост во носењето на одлуките во наредниот период. „Демократијата без опозиција и парламент без опозиција е слаба демократија. Концептот на демократијата не се состои само од тоа што се случува на денот на изборите туку е многу важно и она што се случува по изборите. Сите одговорни политички актери мора да разберат дека стабилноста на земјата е главен императив. Јас ги разбирам емоциите на изборниот момент, но треба да се разбере кој е заедничкиот интерес“, истакна Изабел Сантош шеф на Делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ.
Слично

Поврзани вести