ОБСЕ до Груевски и Ахмети: Пресудата за „Монструм“ може да предизвика протести и агресија
Амбасадорот на ОБСЕ во земјава Ралф Брет со писмо се обратил до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, како коалициони партнери и во новата Влада, за истакне дека организацијата се залага за долгорочна стабилност во земјава и за хармонични меѓуетнички односи, објави порталот НОВА.
Порталот го добил писмото од читател, но успеал да ја потврди неговата автентичност.
Во врска со петкратното убиство кај Смиљковци, Мисијата на ОБСЕ истакнува дека нејзини претставници го следеле судскиот процес, но дека нема пристап до релевантните документи, сведочењата за заштитените сведоци и резултатите од посебните истражни мерки. Сепак, ОБСЕ оценуда дека по пресудата ќе има засегнати страни. Во писмото се предупредува дека тоа може да испровоцира протести или, пак, случаи на агресивност кон „одредени лица“ и се апелира дека избрзаната политичка квалификација на делото како дело со верски мотиви, ги подгрева можните конфликти.
Пораката до двајцата лидери, во тој контекст е дека треба да направат напори ваквиот, како што се нагласува, трагичен момент, да не стане извор на нови тензии.
„Без оглед на пресудата за случајот Смиљковци, Мисијата смета дека е потребна јасна и недвосмислена порака до јавноста што ќе повикува на потреба од хармонични односи и координирана реакција (кон сите потенцијални закани за стабилност)“, се наведува во писмото за судскиот процес што влезе во завршница.
Амбасадорот Брет пишува дека одблиску е запознаен со нападите на семејството од албанска националност во Радишани и со случувањата по трагичното убиство на матурантот во Ѓорче Петров. Целото писмо можете да го прочитате ТУКА.
Слично
