ОБСЕ апелира – да се создадат услови за враќање на опозицијата во Парламентот
Парламентот без опозиција не е целосен и очекуваме да се создадат услови за враќање на опозициските пратеници во Собранието, вели амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет, во интервју за Радио Слободна Европа.
„Очекуваме дека двете страни ќе тргнат од реална платформа, не само да разменат максималистички позиции“, вели Брет, според кого на овој начин ќе се создадат потребните услови за враќање на опозицијата во Собранието.
„Тенденцијата е победниците, оние кои освоиле мнозинство ја преземаат целосната моќ и преземаат силна контрола. Решението би било во тоа да се развие култура на поголема вклученост на опозицијата, поголема вклученост на одлуките и поголема вклученост на правата на опозицијата“, додава тој.
Амбасадорот Брет смета дека Македонија е поблиску до членство во НАТО отколку во ЕУ - за НАТО е потребно да се реши само еден проблем (проблемот околу името), додека патот кон Унијата е подолг и бара повеќе реформи и во други клучни области.
Слично
