ОБРАЗОВНА ЛОТАРИЈА: Професори и наставници во барабанот за отказ?!
Новите измени на Законот за основно и средно образование со кои се укинуваат казните но не и отказите за наставниците и професорите, го разгорија гневот кај просветните работници. Голем дел од нив се револтирани од начинот на кој надлежните и образовниот синдикат ги водеа преговорите и донесоа решенија кои според Наставничкиот пленум се на директна штета на наставниот кадар.
“Укинати се паричните казни, но останаа оние потешките кои предвидуваат отказ. Имено, доколку и по две години добивање стручна помош повторно се најдеме во групата со најголеми отстапувања ни следи отказ. Значи, колку и да е добар наставникот во секој сегмент на образовниот процес, но не се покаже добар во ,,лотаријата“ на образованието после 3 години ќе остане без работа. На ваков начин наставникот не се стимулира туку се дестимулира, се врши притисок врз него и се прави неработник, кој за да си го задржи работното место, своите ученици ќе ги оценува на прашања од базата за екстерно оценување. Учениците наместо да се усовршуваат ќе се претворат во бубалици кои ќе учат единствено преку меморирање факти и податоци”-вели професорката Славица Димитриева Арсова од СОУ “Гошо Викентиев” во Кочани.
Според неа најновите измени на Законот за основно и средно образование се лоши за сите наставници. Иако Наставничкиот пленум преку протести, реакции и барања до надлежните, како што вели сакаше да допре до нивната свест и да им укаже на фактот дека наставникот е многу повеќе од поени добиени на тест од овој тип, за жал, заклучува професорката, тие останале глуви за нивните барања.
Измените во законот-реваншизам или подобар квалитет?!
Од друга страна, надлежните новите законски решенија ги правдаа со подобрување на квалитетот на образовниот процес, и награда за оние кои две години по ред ќе покажат најдобри резултати од екстерното тестирање и ќе добиваат повисока плата за 10отсто до крајот на работниот век. Дополнителносо измените најавија дека ќе го “филтрираат ” најдобриот кадар во образованието. Но за професорите од Пленумот ова е пак нов начин на одмазда и реваншизам кон најгласните-оние кои јавно и јасно ги покажаа своите ставови и аргументи.
“Според мене ваква награда не е награда и не може да ме стимулира како наставник да напредувам. Напротив, со ваквото наградување се урива кредибилитетот и рамноправноста на наставникот, се девалвира неговата целокупна работа која е многу посложена од прашањата што се даваат на екстерното тестирање. Овој закон создава систем на лажни вредности кои ќе придонесат за создавање личности кои постепено но сигурно ќе го изгубат мотивот за квалитетна работа. Еднаш наградениот наставник до пензија, веќе нема да има никаков мотив за работа, наспроти останатите колеги кои и понатаму ќе живеат под притисок за својот опстанок”-вели професорката Димитриева-Арсова.
Од друга страна, таа прашува што ќе се случи доколку наставник кој ја добил наградата -повисока плата до пензионирање, на третата година падне во групата на најниско рангирани? Дали тогаш вели, ќе му се одземе правото на таа награда или? Законот не предвидува таква опција, која реално постои.
Професорката Славица Димитриева-Арсова која зад себе има 26 годишно работно искуство, вели дека една од најблагородните и најодговорни професии ја губи својата единствена цел-радоста во учителствувањето. Па така, наставниците и професорите наместо да се фокусираа како подобро да ја организираат наставата, секојдневно се соочени со стравот од можноста да го изгубат работното место. Резултатот од честото менување на законите, додава, ќе биде на штета на професорите но и на учениците.
“Еден од најголемите притисоци врз нашата работа е токму екстерното тестирање. Соочени со стравот од можноста да се изгуби работното место едноставно не фрла во амбис. А предизвик? Секако тоа се учениците кои се огледало наизгубат мотивот за квалитетна работа. Еднаш наградениот наставник до пензија, веќе нема да има никаков мотив за работа, наспроти останатите колеги кои и понатаму ќе живеат под притисок за својот опстанок”-забележува професорката.
Разочарана од последните случувања како и девалвирањето на трудот и знаењето на просветарите, во знак на револт, таа го откажала членството во Синдикатот за образование. Вели, последните законски измени кај неа, а и кај многумина од колегите во образованието, предизвикале тотално разочарување, па битката ќе ја водат сами со аргументи, чистата совест и интелектот зад себе.
С.Б.
Слично
