Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБРАЗОВЕН ЕГЗОДУС: Студентите заминуваат од Македонија во трка по знаење и квалитет!

ОБРАЗОВЕН ЕГЗОДУС: Студентите заминуваат од Македонија во трка по знаење и квалитет!
Додека  фотографиите од катастрофалните услови за живеење  во студентскиот дом “Гоце Делчев” сеуште сведочат за хоророт и  мизерните услови во кои се сместени студентите, нивните колеги надвор со забрзан чекор одат напред кон прибирање на практично знаење и искуство преку научно истражување кое ќе им обезбеди квалитет и валоризација на вложениот труд. Студентката по право   Марија Мирчевска своето образование  како што вели  за Фактор, имала  среќа да го продолжи   на престижниот Универзитетот на Единбург во Шкотска и едногодишната мастер програмата “Global crime justice and security”. Велика Британија ја одбрала поради тоа што пред се како што вели  има најдобри универзитети на Шангајската ранг-листа, има одличен кадар и квалитетна програма и  го ставаат студентот на прво место. Искуството како што раскажува неможе да се опише едноставно со зборови бидејќи на студентите им е овозможен пристап и можност за едукација какви што неможе да се најдат кај нас, а  условите за сместување само  покажуваат како треба да се третираат идните академски граѓани. “Кога ќе дојдеш овде сфаќаш дека пристапот е сосема различен. Овде фокусот е на теоретските разбирање на концептите кои се изучуваат, нивната нормативна, не толку нивната практична димензија. Образованието во втор циклус на студии се темели на сопствената самоиницијативност и желба за надградување, преку читање на обемна литература во континуитет, твој активен придонес во академската дебата и конечно и изработка на неколку стручни трудови каде се манифестира новото стекнато знање и интелектуални вештини. Средината е компетативна, многу од студентите доаѓат со веќе стекнато практично искуство на пример пракса во меѓународниот трибунал за Југославија, националната агенција на Шкотска за справување со криминал, работа во граѓански организации на прашања врзани со контрола на трговија со оружје или мир и реконсилиација во кризни подрачја”-објаснува Марија Мирчевска. [caption id="attachment_181743" align="aligncenter" width="618"]marija2 Заедничка кујна[/caption] Сместувањето вели е приказна за себе, администрирано од универзитетот кој  има голем број на објекти  од кои зависи и цената. Сместувачките  капацитети за студентите во некои од европските универзитети  за наши услови се налик на хотели со пет ѕвезди. [button color="orange" size="big" link="http://faktor.mk/2013/11/16/storija-kako-i-zoshto-najdobar-student-vo-generacijata-ja-napushti-makedonija/" ]СТОРИЈА: Како и зошто Бојан Мавков, студент на генерацијата, ја напушти Македонија?[/button] “Во мојот случај, потребни ми се 3-4 минути одење пеш за да стигнам до Стариот колеџ, каде имам најголем дел од предавањата. Мојот дом е само за постдипломци, собите се еднокреветни, а на секој спрат има кујна, тоалети, заеднички простории, обезбедување. Имајќи во предвид дека првиот месец е секогаш предизвик, самиот дом организираше социјални активности за да студентите се запознаат и зближат”-додава Марија. [caption id="attachment_181744" align="aligncenter" width="618"]marija1 Дневен простор за студентите[/caption] [caption id="attachment_181745" align="aligncenter" width="623"]marija3 Настан за запознавање организиран од самиот дом, Arthurs seat[/caption] СТУДИСКА ПРОГРАМА И НАЧИН НА ОДРЖУВАЊЕ НА НАСТАВА Студиската програма која ја изучува Марија Мирчевска  е Глобален криминал, правда и безбедност во склоп на Правниот факултет. Студентите овде, вели имаат  пристап до огромен број на стручни дата бази и неколку одлично опремени библиотеки. Класичното предавање од професор е  додава таа, исклучок, а не правило. “Јас нема да полагам испити, успехот ќе биде утврден на основа на изработени научни трудови. Нема задолжителни учебници, само листи со референци во контект на дадена тема. Претежно се работи за средби каде се дискутира за прочитаните материјали и професорот има својство на модератор. Дел од предметите предвидуваат гостински предавања ( пр. по предметот Организиран криминал ќе имаме гостување на Линдзи Милер, одговорната на Oдделот за сериозен и организиран криминал во Шкотска или за предметот Глобал криминал и небезбедост од Ричард Џонс, член на надворешната експертска група на FIDUCIA проектот од областа на  справување со сајберкриминал во Европа).  Овде активни се самите катедри, академиите и речиси секој ден има различни стручни предавања надвор од формалниот курикулум кои најчесто се соработки меѓу студентите и професорите”-раскажува Марија. [caption id="attachment_181746" align="aligncenter" width="618"]marija4 Стариот колеџ, Универзитет во Единбург[/caption] Иако наставата вели започнала пред околу еден  месец, веќе биле  организирани неколку саеми со работодавци за полесно да се  приближат  студентите кон пазарот на труд. На следната фотографија следува пример како е организирано едно предавање: marija5 [caption id="attachment_181748" align="aligncenter" width="618"]marija6 Универзитетската библиотека[/caption] СТУДЕНТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ На Универзитетот во Единбург има преку 240 студетнтски организации, друштва или клубови. Тие може да бидат ограноци на политички парти или политички друштва , религиозни здруженија, научни клубови, музичко-уметнички, интернационални и мултикултурни клубови, спортски друштва,  друштва на љубители ( на пр. подмладок на шкотската национална партија, марксистички клуб, будистичко друштво, гејм девелопмент, танцување на шипка, стенд ап, друштво на љубители на печење). marija7 Дел од студентските организации при Универзитетот Студентската претставничка организација е Студентската асоцијација на универзитетот во Единбург (Edinburgh University Student Association- EUSA). Буџетот на EUSA за 2014/15 изнесува 11 милиони фунти. Најголем дел, околу 8 милиони се добиени на основа на комерцијални активости, затоа што EUSA оперира со пабови, кафе барови, продавници, ноќни клубови, спортска сала, нуди кетеринг услуги. Другите средства се добиени на основа на грантови. Освен претставничката улога, EUSA e и организацијата која нуди поддршка на сите останати студентски организации друштва и клубови. [caption id="attachment_181750" align="aligncenter" width="654"]marija8 Структура на EUSA[/caption] [caption id="attachment_181751" align="aligncenter" width="650"]marija9 Тивиот – еден од објектите на EUSA, кој има 3 барови, 1 клуб, сала за дебатирање[/caption] [caption id="attachment_181753" align="alignright" width="242"]marija11 Промо материјали за изборите на EUSA[/caption] [caption id="attachment_181752" align="alignright" width="249"]marija12 Промо материјали за изборите на EUSA[/caption] Само што завршија изборите за дел од позициите во EUSA.Се бираа  Студентите – кандидати имаат помалку од недела за да реализираат активности во рамки на своите кампањи. Гласањето се врши електронски, со логирање на универзитетскиот веб портал, во рок од 3 дена. ПОДДРШКА ПРИ СТУДИИ Универзитетот, објаснува Марија има голем сензибилитет кога се работи за студенти кои доаѓаат од странство. Се организираат дополнителни часови по англиски, академско пишување, говорење, можности за индивидуална работа со тутори, посредување при вадење документација, отварање на банкарски сметки, добивање на социјални броеви. “За студенти кои доаѓаат со своите семејства, се организираат посебни групи за поддршка ( на изборите на EUSA се бираше и посебен претставник од студентите кои ќе ги застапува интересите на студентите – родители во рамки на Универзитетот. Универзитетот има свои кариерен центар, центар за унапредување на образованието, медицински центар, спортски центар”-потенцира Мирчевска. [caption id="attachment_181755" align="aligncenter" width="618"]marija10 Медоус – Паркот позади универзитетската библиотека[/caption] [caption id="attachment_181757" align="aligncenter" width="618"]marija13 Рагби натпревар – Универзитетот во Единбург против Универзитетот St. Andrews[/caption] Овие слики, објаснува Марија се само дел од она што како можност се нуди за студентите на овој Универзитет. Потребата од дополнително формално образование вели во секој аспект е задоволена и зависи од  афинитетите на студентот,  бидејќи изборот е огромен, искуството бесценето, а крајниот ефект е  применливо знаење од овој образовен систем  кој  ги обучува  студентите со вештини кои ќе обезбедат брзо и лесно прилагодување кон новите услови  на пазарот. С.Б.  
Слично

Поврзани вести