Образование за бегалците, сигурна инвестиција за во иднина
Еден од најпознатите современи автори Калед Хосеини во својот авторски текст за „Гардијан” нагласува дека меѓу бегаците секое второ дете е на возраст за основно училиште.
Тој порачува прво нешто што треба да се направи откако ќе се најде засолниште за бегалците е да им се даде можност за образование, што би било сигурна инвестиција за сите држави.
„На бегалците се гледа само како терет. А добро познато е дека и Алберт Ајнштајн и Зегмунд Фрој биле бегалци, како и Мерлене Дитрих и Изабел Аленде да именувам само неколку од нив. Тука има уште милиони имиња кои малку славни , а многу храбри бегалци анонимно и мирно работеле во тешки и опасни околности. “- вели Хосеини.
Тој смета дека образованието ќе им помогне на децата бегалци да се описменат и да се заштитат од злоупотреба, експлоатација и присилна работа, присилни бракови и регрутација во терористички групи.
Авторот вели дека образованието ќе им овозможи на бегалците да се ослободат од сиромаштијата и да ги приспособи да се изградат себе си и да си обезбедат просперитетна иднина кога ќе се вратат во нивните домови.
,, Со инвестирање во иднината на бегалците, ние инвестираме и во нашата” – порача авторот Хосеини.

