ОБРАЗОВАНИЕ: Професор во прединфарктна состојба в болница, деканот се крие од медиумите!
Професорот Александар Костадиновски во прединфарктна сосојба е донесен на штипските клиники, откако претходно деканот на економскиот факултет во Штип Ристо Фотов и професорите кои го подржуваат, покажаа дека немаат намера да ги изгласаат во повисоки звања тројцата професори што штрајкуваа со глад.
Најпрвин и покрај исполнетите услови, Шајноски и Матлиеска по вторпат не беа избрани во повисоко звање.
За време на седницата кога дошло ред за гласање за вонреден професор за Костадиновски, ситуацијата станала нервозна, ескалирала, по што на професорот му се влошила здравствената состојба и итно бил пренесен на лекување. Лекарите размислуваат дали ќе биде потребно на Костадиновски да му се стави стент.
Откако бил пренесен во болница деканот Ристо Фотов ја продолжил седницата и Костадиновски повторно не бил избран во повисоко звање. Против професорите гласале осум нивни колеги, а петмина биле за избор во повисоко звање.
Целата седница поминала тензично, а на барање на деканот Ристо Фотов за време на нејзиното одржување било присутно и универзитетското обезбедување, кое го испратило и до автомобилот и тој не дал изјава за медиумите. Фотов поднел и пријава до полицијата за напад од неговата колешка Маргарита Матлиевска. Пријавил дека при нападот добил гребаници по раката. Од СВР Штип ја потврдија пријавата, велат дека работат на расчистување на случајот.
Тројцата професори 21 ден штрајкуваа со глад. Државниот просветен инспекторат донесе решение во кое ги лоцираше незаконитостите во постапката и побара од штипскиот Универизитет да се почитуваат критериумите за избор на професори, наместо тоа денеска наставничкиот совет одново го донесе истото решение.
Слично
