Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОБРАЧОТ ОКОЛУ ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ СТЕГА: Заменикот на Нуланд утре во Скопје

ОБРАЧОТ ОКОЛУ ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕ СТЕГА: Заменикот на Нуланд утре во Скопје

Хојт Брајан Ји утре доаѓа во Скопје.

Како што пренесува Алсат М  дипломатот доаѓа за да им упати забелешки на политичките лидери кои уште немаат договор за излез од кризата.

Засега агендата не е позната и со кој ќе се сретне заменик помошникот државен секретар за Европа и Азија во Стејт департментот во земјава не се открива.

Како што е познато, Ји во земјава доаѓа за втор пат во последните три месеци, а во март кога кризата дополнително ескалираше, заменикот на Викторија Нуланд ја нагласи бескомпромисната соработка која треба да ја остварат политичките партии со Специјалното јавно обвинителство кое според Ји заслужува да биде независно и неполитичка институција.

Спроведување на фер и демократски избори со цел поддршка на македонските евроатлански интеграции е клучната порака која американскиот помошник им ја пренесе во март на оние со кои оствари средби. Тој исто така побарал Власта да се посвети подеднакво сериозно на содржината на прислушуваните разговори, колку што ги зема сериозно обвинувањата против лидерот на опозицијата Зоран Заев, порача американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија Хојт Ји, по средбата со премиерот Никола Груевски.

Слично

Поврзани вести