Економија, финансии, бизнис

Контакт

Облека сепак ќе се продава на зелените пазари

Облека сепак ќе се продава на зелените пазари

„Продавачите на текстил, обувки и непрехрамбени производи како козметика и накит остануваат на зелените пазари. И тие како и сите останати можат да добијат лиценци за продажба“ велат за 24 инфо од Министерството за економија. 

И Екрем Долек, претседателот на Комората на трговци, изјави дека станува збор за медиумски гласини.

– Ова е многу чудно и сосем неточно. Ниту законот предвидува таква обврска ниту пак ќе има такво нешто. Во Законот за трговија на пазари никаде не стои кои производи треба да се продаваат на пазар ако и не. Ниту има Пазарна инспекција денес за отстранување на тезгите ниту пак законски е тоа дозволено- вели Долек.   

Во меѓувреме продавачите на конфекција и други производи, кои не се прехрамбени, продолжуваат со своите продажби на тезгите.


Слично

Поврзани вести