Економија, финансии, бизнис

Контакт

Облечете топло палто или џемпер, Владата ги повика Холанѓаните да штедат на греење

Облечете топло палто или џемпер, Владата ги повика Холанѓаните да штедат на греење

Холандија ќе го намалува греењето за да ја намали зависноста од руски гас. 

Владата започна кампања со која ги повикува граѓаните да го намалат централното греење за да штедат енергија за да ја намалат зависноста од руски увоз. Владата објави дека ќе ја намали температурата во 200 од нејзините управни објекти од 21 на 19 целзиусови степени.  Ги повикуваат граѓаните да го стават греењето во домовите на 19 степени.

„Облечете топло палто или џемпер, чорапи и влечки“, се наведува во кампањата.

Откако Русија ја почна војната во Украина, на 24 февруари, Западот воведе санкции за Русија. 

Литванија целосно го запре увозот на руски гас. Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, вчера соопшти дека неговата земја целосно го сопрела увозот на руски гас.

Слично

Поврзани вести