Објавено е колку пари чуваат Русите во швајцарските банки
Богатите Руси ги чуваат парите надвор од својата земја. Русите имаат околу 213 милијарди долари скриени офшор во швајцарски банки, тврди Швајцарската асоцијација на банкари.
Швајцарската асоцијација на банкари (СБА) проценува дека банките чуваат помеѓу 150 и 200 милијарди швајцарски франци (213 милијарди долари) пари од руски клиенти.
Матеа Мејер, копретседателка на Социјалдемократите, повика Швајцарија да ги ограничи сите пари што им припаѓаат на Русите блиски до претседателот Владимир Путин и неговата влада.
„Дел им припаѓаат на олигарсите лојални на Кремљ. Парите и нивната активност… помагаат во финансирањето на војната“, нагласи таа.
Вели дека Швајцарија „мора да направи се што е можно за да ги затвори чешмите за пари“.
Многу земји воведоа санкции за руските олигарси, поради тоа што Русија ја почна инвазијата на Украина.
