ОБЈАВЕНИ СТРАВИЧНИ ДЕТАЛИ ЗА НАСИЛНИОТ ТАТКО - мјката ги држела во раце двете деца додека тој ги тепал со метална шипка
Уапсен е 27-годишниот маж кој во саботата во населбата Меѓумурје, Пишкоровец физички ја нападна својата невенчана сопруга и ја повреди со метална шипка неа и нивното новороденче, потврди за Хина Марина Солдат, заменик портпарол на полициската управа во Меѓимурје.
Мајката и новороденчето од 20 дена се згрижени во болницата Чаковец, а педијатарот Данијела Блажиќ изјави дека детето и мајката се стабилни и дека ноќта ја поминале мирно.
Мажот ја нападнал својата невенчана сопруга вчера околу 13 часот и 30 минути додека таа ги држел во раце нивните две деца, а како последица на нападот се повредени жената и едно од децата, соопшти полицијата. Лекарска помош им е укажана во Жупаниската болница Чаковец.
Дваесет и седумгодишниот маж е осомничен за кривично дело семејно насилство, приведен е и во тек е кривична истрага за утврдување на сите околности на овој настан, додаваат од полицијата.
Педијатарот Блажиќ од Жупаниската болница Чаковец за ХТВ изјави дека новороденчето и мајката се стабилни и дека ноќта ја поминале мирно. Раните на детето се санирани и се во добра состојба. Сепак, тоа ќе помине неколку дена на опсервација на Педијатрија бидејќи се работи за бебе старо 20 дена, кое се здобило со повреда на главата со железна шипка.
Од социјалната служба велат дека се работи за семејство со две деца од Пишкоровац и дека немаат пријави за насилство поврзано со ова семејство, но важно е да се обезбеди безбедно сместување на мајката и детето.
Најбрзиот начин е да се чуваат мајката и децата во некоја од безбедните куќи, во зависност од тоа што ќе побара мајката.Според колешката која синоќа била на смена, мајката изразила таква желба. Потоа ќе видиме што ќе биде понатаму Ако мајката се грижи за своите деца, деца, тогаш нема ни потреба да се постапува спрема мајката“, изјави за ХТВ Аленка Билиќ од Центарот за социјални работи Чаковец.
Извор и фото: Индекс.хр
