Oбјавени се најнови податоци - колку заработуваат Црногорците?
Во Црна Гора, просечната бруто плата во јули изнесувала 1.208 евра, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 1.014 евра, покажуваат податоците на Монстат.
Просечната (нето) плата во јули во споредба со јуни забележа раст од 0,4 проценти, додека во споредба со истиот месец од претходната година, забележа раст од 19,2 проценти.
По сектори на дејност, просечната заработка без даноци и придонеси (нето) во јули 2025 година во споредба со претходниот месец забележала раст во следните сектори на дејност: информации и комуникации (4,9 проценти), сместување и угостителски услуги (4,8 проценти), градежништво (3,4 проценти), преработувачка индустрија (1,6 проценти), земјоделство, шумарство и рибарство (1,4), водоснабдување, управување со отпадни води, контрола на процеси; отстранување на отпад и слични дејности (1,3 проценти).
Растот е забележан и во секторите транспорт и складирање, здравство и социјална грижа за 1 процент, административни и помошни услужни дејности, образование за 0,7 проценти, рударство и вадење камен за 0,5 проценти, како и трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 0,4 проценти.
foto freepik.com
