Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објавени првите кадри со Кевин Спејси во улога на Фрањо Туѓман

Објавени првите кадри со Кевин Спејси во улога на Фрањо Туѓман

ХРТ ги објави првите кадри од филмот „Туѓмановата бура“ во режија на Јакоб Седлар, во кој Кевин Спејси го игра споменатиот поранешен хрватски претседател Фрањо Туѓман.

Сценариото го напиша Хрвоје Хитец. Седлар изјави за ХРТ дека го запознал Спејси пред десетина години во Лос Анџелес.

„Тој е исклучително интересен човек со богато минато, човек кој ги има сите можни награди – од два Оскари до театарски награди“, изјави Седлар.

Инаку, Спејси стана омразена личност во Холивуд и ширум светот откако неколку луѓе го пријавија за сексуална злоупотреба. Седлар рече дека е на страната на Спејси.

„Верувам во неговата приказна. Тоа е сè што можам да кажам за ова“, рече тој.

Режисерот напомена дека со Туѓман бил добар пријател и близок соработник.

„Да не беше тој, мислам дека немаше да има демократска независна Хрватска, членка на Европската унија. Така мислат огромното мнозинство луѓе кои гласаа за претседателот Туѓман. Тоа не е само филм за него Тоа е филм за целиот контекст.кој му претходеше на создавањето на Хрватска“, рече тој.

Тој смета дека без овој контекст не е можно да се разбере приказната и дека филмот ќе биде интересен токму поради тоа.

„Има многу што да се каже, особено за помладата генерација и за публиката таму. Филмот ќе се игра низ целиот свет поради Кевин Спејси“, додаде тој.

Тој рече дека Спејси темелно се подготвил пред да се согласи да го игра Туѓман. Прочитал неколку книги за него и погледнал се што можел да најде на Интернет, пренесува ХРТ.

„Дојде одлично информиран за него. Тој е таков тип на актер. Тој не би се согласил да глуми некого ако не стои зад тоа, зад неговата улога и личноста што ја игра“, додава Седлар.

Премиерата на „Туѓмановата бура“ ќе се одржи на 14 мај во Загреб, на 100-годишнината од раѓањето на Туѓман.



Слично

Поврзани вести