Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објавени прашањата за екстерното тестирање

Објавени прашањата за екстерното тестирање
Од вечерва на веб страницата на Министерството за образование и наука се поставени прашањата за екстерното тестирање на учениците од основните и средните училишта. Учениците ќе имаат можност за тестирањето да се подготвуваат до јуни, а ќе бидат изоставени само матурантите, кои веќе го полагаа овој тест, но затоа сега ќе треба да полагаат државна матура. Во системот се уфрлени 415.000 прашања за 5.700 предмети и тоа на македонски, албански, турски и српски јазик. Прашањата се поделени по предмети и години на образование, така што учениците имаат пристап до материјалот соодветен за нивното ниво на образование. Сепак дел од родителите вечерва на социјалните мрежи се жалат дека немаат можност сеуште да пристапат на системот. Учениците имаат одреден период да достават и забелешки или корекции на одредени прашања, бидејќи надлежните не ја исклучуваат можноста поради огромниот број прашања да има и одредени грешки. Екстерното тестирање оваа година ќе се спроведува од 2 до 10 јуни, а опфатени ќе бидат 183.511 ученици од 678 основни и средни училишта. Екстерни тестови ќе полагаат учениците од 4-то одделение до осмо одделение, како и сите средношколци со исклучок на матурантите. Учениците ќе имаат увид во прашањата, но нема да знаат по кој предмет ќе бидат тестирани до неколку дена пред испитот. Оценката од екстерното тестирање влегува во успехот и свидетелството за ученикот, но во истовреме значи и проверка на работатата на наставниците. Во системот со прашања се влегува на следниот ЛИНК  
Слично

Поврзани вести