Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објавени нови снимки од кабинетот на Премиерот!

Објавени нови снимки од кабинетот на Премиерот!

Вечерва во јавноста протекоа нови снимки од  кабинетот на премиерот Груевски од средба меѓу него и лидерот на СДСМ Зоран Заев пренесуваат дел од медиумите, кои се повикуваат на извори на Јутјуб.

Според некои медиуми лично претседателот на СДСМ Зоран Заев му признава на премиерот Никола Груевски пораз од над 150.000 гласови, и на нив Заев вели и да биде легални изборите ќе изгубеле .

На самата мрежа на Јутјуб може да се види дека видеата се ставени денеска и истите се многу сличи и со претходните објавени.

Да потсетиме дека Премиерот Груевски и полицијата кога го обзнанија случајот Пуч изјавија дека биле  користени посебни истражни мерки (ПИМ) што повторно укажува дека доколку лидерот на опозицијата бил следен и под ПИМ мерки , со Закон се забранува такви видеа да се појавуваат во јавност и за истите се кривично дело.

Во Јавното обвинителство веќе има пријава против Груевски за оддавање службена тајна токму со протекувањето на снимки од неговиот кабинет.

Слично

Поврзани вести