Објавени нови податоци за невработеноста во земјава
Стапката на невработеност во Македонија изнесува 20.8%. Благ пад има на невработеноста во државата.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во III тримесечје од 2018 година, активното население во Република Македонија изнесува 958 770 лица, од кои 759 445 лица се вработени, а 199 325 лица се невработени.
Овој податок е објавен вчера.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во II тримесечје од 2018 година, активното население во Република Македонија изнесуваше 957 471 лицe, од кои вработени се 755 073, а 202 398 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56.9, стапката на вработеност 44.9, додека стапката на невработеност
изнесува 21.1%.
Слично
