Објавени нови податоци - колку изнесува просечната плата?
Има зголемување на просечната плата во земјава.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2021 година, изнесува 28.869 денари. Овој податок го објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации (13,2%), рударство и вадење камен (12,8%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12,5%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење камен (4,4%), информации и комуникации (2,5%) и преработувачка индустрија (2,2%)“, стои во соопштението.
Просечната плата континуирано расте, објави премиерот Зоран Заев. Вели дека во септември 2021 година, просечната исплатена нето-плата по вработен изнесува 28.869 денари, што е за 5,3% повеќе во однос на истиот месец лани.
Слично
