Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објавени најдобрите 100 албански компании во Македонија

Објавени најдобрите 100 албански компании во Македонија
Стопанската комора на Северозападна Македонија ги избра најдобрите 100 компании. Во првите десет влегоа Еуро Актива, Алма М, Еуро Медиа, Гемак, Даути Комерц. Листата ја дополнуваат и Принц Ентерпрајс, Тути Фрути Бас, Вардар Доломит, Пофикс и Еколог како најдобри компании од северозападниот регион на земјава. Ваквата промоција на публикацијата „Најмоќни и најуспешни во Северозападна Македонија“ се прави трета година по ред. Наградите ги делеше министерот за економија Ваљон Сарачини. „Овие резултати не се случајни, туку се одлика на претприемачкиот дух застапен кај сите Албанци. Сепак, мора да се примети дека бројот на албанските компании кои аплицираат за финасиски средства и за помош е се уште многу мал. Исто така во иднина овие компании не треба да се стремат само кон регионалните пазари, туку и кон освојување на подалечни пазарни дестинаци“, посочи Сарачини. Според објавите, најдобрите сто компании во 2012 та година имаат вкупен приход од речиси 500 милиони евра, или  5% од вкупниот приход на компаниите во земјава, а заедно вработуваат над 4 илјади лица. Како што стои во соопштението од министерството за економија по повод настанот, 12.000 активни албански фирми учествуваат со 23 отсто во вкупните приходи во земјава и вработуваат околу 20 отсто од сите вработени во приватниот сектор. За Мендерес Кучи, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија има голем простор за подобрување на овие бројки. Тој побара поголема меѓусебна соработка меѓу компаниите, за поконкурентен настап на странските пазари. „Владата останува на политиката за ниски даночни стапки“, дополни Сарачини и повтори дека годинава се очекува раст на БДП од 2,3% , како и раст на извозот за 10,4%.
Слично

Поврзани вести