Објавени матичните броеви и платите на Рама, Мета и обични граѓани во Албанија
Скандал ја тресе Албанија, откако се објавени лични податоци и износи на плати на 637.138 граѓани.
Албанскиот претседател Илир Мета напиша на Фејсбук дека објавувањето на платите на Албанците е направено со флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот, а според него, станува збор за повеќекратна незаконитост.
Се работи за објава на список на плати, матични броеви и работни места на 637.138 албански граѓани, меѓу кои функционери, политичари, службеници во јавна и државна администрација, како и вработени во прватниот сектор.
На списокот со кој располага агенцијата Балкан веб се наоѓаат и платите на претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама. Мета има месечна плата од 257.000 леки (2.106 евра), а Рама 228.730 леки (1.874 евра).
