Објавена новата листа на должници кон државата
Управата за јавни приходи на својата веб страница ги објави имињата на должниците кои не ги подмириле своите обврски кон државата по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
„Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.01/2015 за долгови доспеани до 30.09.2014 и неплатени до 31.12.2014 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност иповисок од 300.000 денари за правните лица. Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка“, се вели во текстот објавен на страната на УЈП.
Од таму додаваат дека доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци може да се обрати до надлежната регионална дирекција на УЈП.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Објавувањето на листата на должници се прави еднаш месечно, најдоцна до 10-ти во месецот.
За секој должник ќе бидат исклучени долговите кои се утврдени со даночни акти, а за кои се води управна или судска постапка, како и долгови за кои е одобрено одложено плаќање.
Листата можете да ја погледнете на веб страната на УЈП.
Слично
