Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објавена листа од Топ-5 авиокомпании кои превезуваат во најголем број на земји

Објавена листа од Топ-5 авиокомпании кои превезуваат во најголем број на земји

Turkish Airlines е првата авиокомпанија во светот според бројот на земји во кои лета. Втора е германската Lufthansa Group, третата Air France, четврт е Qatar Airways и Emirates петти.

Turkish Airlines поврзува повеќе од 300 дестинации во 121 земја низ светот низ своите центри, spored податоците порталот flight-delayed.co.uk. Според Обединетите нации, постојат 195 земји во светот. Tirkish Airlines лета кон 121, што претставува 62 проценти од вкупниот број. Новиот центар, Меѓународниот аеродром во Истанбул, ќе стане најголемиот и најпосетен аеродром во светот. Оваа компанија пренесува околу 60 милиони патници со флота од 300 авиони.

Второто место е групите Луфтханза со 105 земји. Групацијата во својата флота има бројни авиокомпании, меѓу кои и Eurowings, Swiss Air, Brussels Airlines и Austrian Airlines.

Француската национална авиокомпанија работи во 85 земји, главно со два аеродроми во Париз - Шарл де Гол и Париз Орли.

Qatar Airways пренесува од меѓународниот аеродром Хамад во Доха и забележа силен раст во текот на изминатата деценија. 

Авиокомпанијата "Emirates" функционира во 77 земји и се наоѓа пред "British Airwaysa " по бројот на превезените патници.




Слично

Поврзани вести