Објавена е листата, ова се компаниите каде што студентите ќе можат да го користат ваучерот од 250 евра за електронски уреди
Владата ја објави листата на оператори каде што студентите ќе можат да користат ваучери за купување електронски уреди.
Претходно, Собранието го одобри законот за обезбедување ваучери од 250 евра (15.300 денари) за купување електронски уреди, лаптопи, таблети или персонални компјутери, за сите студенти до 29 години запишани на додипломски студии во академската 2025/2026 година, на јавни или приватни универзитети.
За оваа мерка, од државниот буџет се издвоени 850 милиони денари за 55 илјади студенти. Ваучерите не важат за студенти на втор и трет циклус студии.
Се очекува распределбата на ваучери да започне во септември, откако студентите ќе се регистрираат за семестарот.

Слично
