Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објавен огласот за вработување „Прва шанса“

Објавен огласот за вработување „Прва шанса“
Агенцијата за вработување го објави огласот за субвенционирано вработување на млади лица до 29 години. Со мерката ќе бидат опфатени млади лица кои завршиле високо образование во студиската 2012/2013 година, а  за реализација на оваа владина мерка ќе бидат одвоени еден милион и 170 илјади денари од Буџетот на Република Македонија. За корисниците на оваа мерка се предвидува три месеци субвенционирано вработување со полно работно време и шест месеци обврска на работодавачот да го задржи лицето на работа или на негово место да вработи друго невработено лице. Овие лица ќе примаат месечна бруто плата од 13 илјади денари. Покрај ова, денеска се објавени и огласи за обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување и за обука за занимањата кои се бараат на пазарот на трудот од сообраќајната струка. Со првата мерка ќе бидат опфатени околу 170 лица, активни баратели на работа на возраст од 50 до 59 години, млади лица до 29 години со завршено основно или средно образование и долгорочно невработени лица. За реализација на мерката одвоени се 9 милиони 537 илјади денари од Буџетот на Република Македонија. Со обуката за занимања од сообраќајната струка ќе бидат опфатени 30-тина лица кои ќе се стекнат со правото да полагаат возачки испит за „Д“ категорија, односно за автобус по што ќе имаат можност да се вработат кај превозници кои имаат потреба од ваков кадар. „Не постојат инстант решенија ниту еднократно решение на овој долгорочен проблем. Но, наша задача е системски да ја намалиме невработеноста, а невработените лица да вложуваат во себе постојано и да ги прифаќаат можностите што им ги нуди државата“, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. И во текот на предизборниот период, Владата доби дозвола од Антикорупциската комисија да ги реализира активните мерки за вработување.
Слично

Поврзани вести