Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oбјавен огласот, во „Македонски шуми“ ќе се вработуваат 300 лица со инвалидност

Oбјавен огласот, во „Македонски шуми“ ќе се вработуваат 300 лица со инвалидност
Денеска е објавен оглас за вработување 300 лица со инвалидност, кој повторно ќе се спроведува преку „Македонски шуми“. Слично како лотаријата за претходните 1600 државни вработувања, изборот на кандидатите ќе се прави по електронски пат. Засега не се открива, дали ќе има директен пренос на Македонската талевизија. Како што информираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, на огласот можат да се јават лица со оштетен вид, слабовидни и слепи, со оштетен слух, глуви и наглуви, лица со пречки во гласот, говорот и јазикот, лица со телесна инвалидност, лица со пречки во менталниот развој и лица со комбинирани пречки и инвалиди на трудот. Од „Македонски шуми“, кандидатите ќе бидат распоредувани во државната и јавната администрација. Притоа има 160 работни места за помошни работници со ниско образование и ниска квалификација, 100 за референти-извршители со средно и вишо образование и за 40 соработници и советници со високо образование. 40 бода ќе се добиваат за период и години на невработеност, до 30 за личен приход на лицето со инвалидност, до 20 бода за приход на домаќинство и до 10 бода за еднородителско семејство или домаќинство кое има повеќе членови со инвалидност. „Ги поканувам сите лица со инвалидност да ја искористат оваа шанса и да аплицираат во наредните 30 дена. Исто така, апелирам сите здруженија и национални организации на инвалидни лица да ги известат и информираат своите членови за да може што поголем број да се јават на огласот“, посочи Спасов. Огласот ќе трае до 1 декември, а формуларите за пополнување можат да се подигнат од Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и од архивата на „Македонски шуми“.
Слично

Поврзани вести