Објавен јавниот повик на ФИТР за технолошки развој
Фондот за иновации и технолошки развој објави втор јавен повик. Повикот се однесува за кофинансирани грантови за технолошки развој. Вкупниот буџет за повикот изнесува 6 милиони евра. Со овој повик Владата обезбедува до 30 отсто во максимален износ од 10 милиони денари, а останатите 70 отсто се влог на компаниите.
Во периодот на аплицирање за домашните компании ФИТР ќе обезбеди користење на бесплатна советодавна поддршка и техничка помош. Дополнително, со цел информирање за деталите од повикот, условите и можностите за аплицирање, ќе бидат реализирани и повеќе информативни сесии во соработка со стопанските комори и други организации.
„Рокот за аплицирање на јавниот повик по редовна постапка е 05 Февруари 2020 година (23:59 часот). Рокот за аплицирање на јавниот повик по скратена постапка е 27 Декември 2019 година (23:59 часот).“, информираат од Фондот.
