Економија, финансии, бизнис

Контакт

Објаснување за јавност по повод реакција на „Винарија Сковин Група“ ДООЕЛ Скопје

Објаснување за јавност по повод реакција на „Винарија Сковин Група“ ДООЕЛ Скопје

Во текстот „Каков крај? „Сковин“ сам си отвори стечај!“ редакцијата „Фактор“ цитира официјален извор – информација од А.Д. „Сковин“ објавена на Македонската берза за хартии од вредност достапна на следниот линк. Таа информација е целосно веродостојна, генерирана и објавена од органот на управување на А.Д. „Сковин“ чии акции котираат на берзата.

Во текстот целосно и објективно е опишано дека компанијата „Винарија Сковин Група ДООЕЛ“ во 2019 година ги купи недвижниот и движниот имот како и залихите на АД„Сковин“. Воедно е цитирано дека трговските марки на „Сковин“ се продадени на сингапурската фирма SIAK PTE LTD за вкупно 5.100 евра. Станува збор за повеќе од 20 бренда на вина и жесток алкохол кои ги произведува „Сковин“.

Информацијата на „Фактор“ не се однесува на „Винарија Сковин Група ДООЕЛ“ ниту на SIAK PTE LTD  туку само и единствено на А.Д. „Сковин“ компанија во сопственост на групата „Фершпед“. А тоа од текстот е многу јасно препознатливо.

Заради тоа за нас е нејасно од кои причини компанијата „Винарија Сковин Група ДООЕЛ“ реагира и бара извинување. Особено е нејасно за користење на слика со лого на „Сковин“ а тоа не го прави сингапурската фирма SIAK PTE LTD  која всушност е сопственик на трговските марки купени од А.Д Сковин.

Искрено жалиме затоа што до компанијата „Винарија Сковин Група ДООЕЛ“ стигнале негативни реакции од комитенти, вработени и заинтересирани страни. Очигледно е дека реакциите се резултат на забуна и неразликување меѓу две различни компании : А.Д. Сковин и „Винарија Сковин Група ДООЕЛ“. Нашата цел во текстот е јасно дефинирана и лесно читлива: АД „Сковин“ си отвори стечајна постапка.

Токму ова искуство покажува дека менаџментот на „Винарија Сковин Група ДООЕЛ“ треба да вложи дополнителни напори за нивно корпоративно профилирање во јавноста со особен аспект на тоа коминтентите и партнерите да ги разликуваат од А.Д. „Сковин“.

Направена е ненамерна техничка грешка со користење фотографија од Винарија Сковин група и за тоа се извинуваме.

Подолу во целост ја објавуваме реакцијата на „Винарија Сковин Група ДООЕЛ“:




Слично

Поврзани вести