Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обилни врнежи во Кичево – вечерва дожд ќе има во Скопје

Обилни врнежи во Кичево – вечерва дожд ќе има во Скопје

Обилни врнежи од дожд и грмежи попладнево ја зафатија околината на Кичево.

Врне во повеќе делови на Македонија, а дождот се очекува вечерва да го зафати и Скопје. „Во скоро време со поинтензивен пороен дожд и грмежи ќе биде зафатен и Прилеп, нестабилноста се приближува од југ“ - стои во извештајот на УХМР. Од УХМР велат дека цела западна Македонија и крајниот исток се зафатени со чести електрични празнења, а на овој простор има поголем број облачни јадра од кои според интензитет може да се каже дека има повремен пороен дожд. Над Огражден, во Малешевијата и на југозапад, малку посеверно од Охрид има посилна облачност од која се веројатни врнежи од град.

При електрични празнења граѓаните не треба да стојат на отворено или да се засолнуваат под дрвја.

Слично

Поврзани вести