Обилни дождови – каде наврна најмногу?
Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Маврово.
Според податоците на УХМР таму паднаа 84 литри дожд на метар квадратен. Зад Маврово е Крушево со 62, Гевгелија со 47, Лазарополе со 46, Пожаране со 37, Дојран со 34, Битола со 32, Тополчани со 28, Скопје со 26, Дебар со 24, Тетово и Претор по 19, Куманово 16, Ѓуриште 12, Демир Капија и Прилеп 11, Охрид 10, Струмица 9, Штип 6, Пожар и Виница 5, Крива Паланка и Берово 2 литри дожд на квадрат.
Во текот на ноќта во Македонија врнежите беа пообилни во западните и јужните делови. Дуваше слаб ветер од североисточен правец. Утринава повторно има врнежи од дожд речиси насекаде и се со слаб до умерен интензитет, а во западните делови се пообилни.
До крајот на денот ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови од земјава. Кон крајот на денот ќе има намалување на интензитетот на врнежи. Температурите ќе бидат во интервал од 16 до 22 степени.
Утре ќе имаме променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
